Летното сметање на времето завршува во недела, на 29 октомври во 03:00 часот, поместувајќи се еден час наназад, со што започнува зимското сметање на времето.
Часот кој се појавува двапати помеѓу два и три часот на 29 октомври, поради поместување за еден час наназад, првиот пат е означен како час 2А, а вториот пат како час 2B.
Европската унија пред неколку години најави дека ќе го укине летното и зимското сметање на времето и ќе донесе единствено време, но тоа се уште не се случи.
Зимското сметање на времето се префрла на секој последен викенд во октомври ноќта помеѓу сабота и недела, додека летното сметање на времето се префрла на последната недела во март кога времето се поместува еден час нанапред.