Манекенката Карли Клос на овогодинешната Мет Гала ја објави најдобрата вест: чека бебе со сопругот Џош Кушнер.
Манекенката со братот на милијардерот Џаред Кушнер, сопруга на Иванка Трамп, веќе го има синот Леви, а сега среќната двојка го очекува второто дете.
Карли Клос беше една од познатите личности кои се појавија на премиерата на „Индијана Џонс и артефактот на судбината“ што се одржа на 76. Кански филмски фестивал, а сите забележаа дека таа блеска посилно од било кога.
Таа гордо го покажа трудничкиот стомак на црвениот тепих и покажа дека нејзината нова состојба е и пријатна и блескава.
Карли Клос се прошета на црвениот тепих во фустан на Диор на едно рамо што ја правеше да изгледа како грчка божица.
Фустанот беше изработен од лесен, лелеав материјал, а тенок ремен со плетенка го истакна кројот на овој модел.
Фустанот се ширеше од половината и нежно падна на подот, а интересниот дел беше проѕирната ткаенина која го прекри десното рамо на манекенката и се спушти во драматичен „вел“ кој се влечеше по подот зад неа додека таа позираше пред фотографите.
Карли Клос го заокружи својот стајлинг со ефективна тенка лента за глава во златна нијанса со мрежест превез кој го прекри нејзиното лице и создаде ефект на мистерија.
Познатата убавица ја подигна косата во интересна фризура, а стајлингот го комплетираше со блескави дијамантски обетки од Chopard и дијамантска нараквица.