Знаци дека во вашата врска нема повеќе ЕМОЦИИ: Не се залажувајте, време е да раскинете

popara9 јули, 20231min00
Screenshot_6

Сосема е нормално секоја врска одреден период да поминува низ криза, како и тоа дека е потребно да се вложи нешто повеќе труд, за љубовта и меѓусебните односи да се вратат на нормално ниво, на кое ќе се чувствувате среќно и задоволно.

 

 

 

 

Меѓутоа, ако забележите дека константно се повторуваат некои од следниве знаци, многу е веројатно дека на љубовта во тој однос и е дојден крајот.

 

  1. Чувствувате оддалеченост помеѓу вас

 

Работа, пријатели, обврски, речиси се успеало да застане помеѓу вас и вашиот партнер. Чувствувате оддалеченост која порано не постоела, но вам тоа не ви смета до тоа ниво, што би ве натерало да започнете да работите на тоа. Сексуалниот живот е редок или воопшто не постои.

 

  1. Меѓусебната комуникација значително е влошена

 

Во главно не разговарате, а кога разговарате обично се карате. По некое време прекинувате и да се карате, бидејќи се ви станува неважно.

 

  1. Врската не ви претставува приоритет

 

Попрво ќе отидете на роденденска прослава кај некој подалечен роднина или колега од работа, отколку на средба со вашиот партнер. Едноставно сите настани ги ставате пред вашите заеднички дружења и чувствувате нервоза кога не можете да ја одложите средбата со партнерот.

 

  1. Вашиот партнер не го возвраќа трудот

 

Иако можеби сте одучиле барем малку да поработите на вашата врска, сепак чувствувате дека на партнерот едноставно не му е грижа, како и тоа дека постојано го заморуваат вашите обиди или предлози за некои заеднички активности.

 

  1. Вам не ви е грижа

 

Кога ќе почувствувате дека повеќе не сакате ниту да се карате, а не пак да разговарате, и сами ќе сфатите дека на таа врска и е дојден крајот. Емоциите, како лутењето, можат да бидат показател дека барем малку се грижите, но апатијата јасно покажува дека ви е сеедно и дека животот нема да ви биде ниту малку поинаков без вашиот партнер.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag