Стресот е лош за физичкото и за психичкото здравје. Сите живееме во стресно време и секојдневно се соочуваме со стресни ситуации. Постојат начини на кои телото покажува дека се борите со премногу стрес. Како да препознаете дека сте под преголем стрес?
Проблеми со спиењето
Дали забележувате проблеми со сонот? Доколку се будите често во текот на ноќта или немирно спиете, тоа може да значи дека сте под преголем стрес.
Чувство на умор
Вишокот стрес се изразува и преку константен умор. Доколку постојано чувствувате умор иако спиете доволно, можеби тоа е поради стресот.
Глад
Постојаниот глад или зголемената желба за слатки оброци може да е знак за зголемено ниво на кортизол. Со други зборови, тоа можеби значи дека се соочувате со премногу стрес.