Зошто е добро да пиете чај и во лето?

popara17 јуни, 20231min00
Chamomile,Herbal,Tea,With,Flower,Buds,Nearby,On,Wooden,Table

Иако можеби изгледа контраинтуитивно, посегнувањето по топли пијалоци наместо ладни всушност може да биде поефективно во одржувањето на ниска телесна температура.

Температурите се повисоки и многумина веќе размислуваат за начини како да се разладат. Повеќето луѓе знаат дека е важно да останете хидрирани за време на летото за да се избегне дехидрација и топлотна исцрпеност, но излегува дека изборот на нешто друго освен вода може да му помогне на вашето тело да се олади, пренесува „Mirror“.

Иако можеби изгледа контраинтуитивно, посегнувањето по топли пијалаци наместо ладни всушност може да биде поефективно во одржувањето на ниска телесна температура. Посегнувањето по шолја чај можеби е последното нешто што ви паѓа на ум, но излегува дека пиењето одреден билен чај може да ви помогне да се изладите.

Нутриционист препорача да размислите за чајот од пеперминт, кој е познат по своите антиинфламаторни својства и исто така може да ви помогне да се разладите.

„Лесно се одгледува во градината или е евтин е за купување од супермаркет, нането е совршен избор и нуди природен начин за ладење, бидејќи ментолот од растението ги стимулира рецепторите за ладење на вашето тело“, вели нутриционистот Симон Томас.

И ако сè уште не можете да се носите со пиењето топли пијалоци во потоплите месеци, Сајмон има одличен трик за да се уверите дека сè уште можете да уживате во овој хербален лек.

„Сакам да варам чај од нане, а потоа да го замрзнувам во коцки мраз за да го користам подоцна во текот на денот како дополнителен начин да се оладите и да останете хидрирани. Можете исто така да додадете нане и вода во бокал и да го пиете овој природен коктел во текот на денот кога ви е топло и не сакате газирани пијалоци“,пренесува „Вечерњи.хр“.