Зошто е добро да правите ПИЛИНГ еднаш неделно?

popara10 април, 20231min00
58733f7921e317c14b528284fa4d785ef746d4c2

Придобивките од пилинг

Една од главните придобивки од пилингот е длабокото отстранување на нечистотиите. Под нечистотии подразбираме мртви клетки, себум, нечистотија од воздухот со кој секојдневно сме во контакт. Пилингот овозможува и намалување на брчките, како и на депигментираните површини на кожата.

Интересен податок е дека во текот на летото бронзениот тен трае подолго со редовно користење на пилинг.

Видови на пилинг

Најчестиот вид на пилинг е механичкиот. Овој вид на пилинг содржи ситни честички како сол, шеќер или разни семки. Можете да го направите дома користејќи шеќер или кафе со додавање на некое масло, на пример кокосово масло.

Друг вид на пилинг е хемискиот пилинг. Овој вид на пилинг ги отстранува и мртвите клетки и е одличен за отстранување на флеките од лузните. За овој пилинг се користи овошна киселина, а после него потребно е максимално да се заштити кожата при регенерација, особено од сонце, затоа е задолжителен заштитен фактор. Овој пилинг се прави само по консултација со дерматолог.

Последниот тип на пилинг е ензимски, кој спаѓа во најблага варијанта и негова задача е да ја забрза регенерацијата на клетките.

Како да го изберете вистинскиот пилинг?

Изборот на пилинг првенствено зависи од типот на кожата. Сувата и мрсната кожа бараат поинаков пристап, како и производи. Внимавајте да не правите премногу често пилинг, бидејќи може да добиете спротивен ефект.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma