Зошто е добро да се прави пилинг еднаш неделно?

popara13 април, 20231min00
58733f7921e317c14b528284fa4d785ef746d4c2

Кожата е најголемиот орган на човечкото тело. Покрај тоа, таа ја претставува главната бариера што го штити нашето тело. Токму ова е една од причините зошто соодветната грижа е многу важна. Еден од препорачаните чекори во неделната рутина е пилингот на кожата на телото, како и на лицето.

Придобивки од пилингот

Една од главните придобивки од пилингот е длабокото отстранување на нечистотиите. Под нечистотии подразбираме мртви клетки, себум, нечистотија од воздухот со кој секојдневно сме во контакт. Пилингот овозможува да се намалат брчките и депигментираните области на кожата.

Интересен податок е дека во текот на летото бронзениот тен трае подолго со редовна употреба на пилинг.

Видови пилинг

Најчестиот вид на пилинг е механичкиот. Овој тип на пилинг содржи мали честички како сол, шеќер или разни семки. Можете да го направите дома користејќи шеќер или кафе со додавање на некое масло, на пример кокосово.

Друг вид на пилинг е хемискиот пилинг. Овој тип на пилинг ги отстранува и мртвите клетки на кожата и е одличен за отстранување на флеки. За овој пилинг се користи овошна киселина, а после неа потребно е максимално да се заштити кожата при регенерација, особено од сонцето, затоа задолжителен е заштитен фактор. Овој пилинг се прави само по консултација со дерматолог.

Последниот тип на пилинг е ензимски, кој спаѓа во најблага варијанта и негова задача е да ја забрза регенерацијата на клетките.

Како да го изберете вистинскиот пилинг?

Изборот на пилинг првенствено зависи од типот на кожата. Сувата и мрсна кожа бара поинаков пристап, како и производи. Внимавајте да не претерате со пилингот, бидејќи може да добиете спротивен ефект.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma