Зошто е добро да јадете една шака ореви секој ден?

popara18 декември, 20231min00
Ореви

Од сите јаткасти плодови,оревите се единствени по нивната висока содржина на полинезаситени масни киселини,а само 5 ореви секој ден имаат мноштво здравствени придобивки за двата пола,особено за мажите.

Грст ореви дневно е добро да се јаде, исто како што се препорачува едно јаболко секој ден бидејќи оревите имаат многу здравствени придобивки,поради што често се препорачуваат како дел од урамнотежена исхрана.Се поголем број на студии покажуваат дека оревите имаат бројни здравствени придобивки – од здравјето на срцето до доброто функционирање на цревата. Затоа оревот е на списокот на храна во Диететските упатства за Американците 2020-2025 година,како дел од исхраната и на возрасните и на децата.

Вклучете грст ореви дневно во вашата исхрана
Поради високата содржина на антиоксиданси,оревите се препорачуваат како храна за одржување на здравјето на срцето.Меѓу сите јаткасти плодови,оревите се единствени по нивната висока содржина на полинезаситени масни киселини АЛА и линолеинска киселина.Повеќето јаткасти плодови се богати со мононезаситени масни киселини.Секојдневното консумирање ореви го намалува крвниот притисок и нивото на вкупниот холестерол,триглицеридите,липопротеинот со мала густина (ЛДЛ) и аполипопротеинот Б во крвта,заштитувајќи го нашето срце.Покрај тоа,бројни студии ги истакнуваат придобивките од оревите за здравјето на цревата,меморијата,доброто расположение,избалансиран шеќер во крвта,намалувањето на холестеролот, придобивките за репродуктивното здравје.

Оревите се познати како храна која го намалува нивото на холестерол бидејќи ги намалува липопротеините со ниска густина LDL или „лошиот холестерол“ и го зголемува нивото на протеини,влакна,витамини и минерали.Овие јаткасти плодови обезбедуваат неколку антиоксиданси и антиинфламаторни соединенија кои го забавуваат стареењето и дегенеративните промени.

Освен со протеини,калории и здрави масти,оревите се богати и со аргинин Оваа аминокиселина му овозможува на телото да произведува азотен оксид молекула која ги релаксира стеснетите крвни садови и го подобрува протокот на крв.Јаткастите плодови се исто така добар извор на витамин Е,фолати,влакна и други вредни хранливи материи.Експертите предупредуваат дека сите јаткасти плодови имаат различна мешавина од овие хранливи материи,па можеби е најдобро да вклучите различни јаткасти плодови во вашата исхрана.

Какви придобивки можеме да очекуваме од 5 ореви дневно?
Познато е дека оревите,бадемите,кикиритките,ф’стаците и индиските ореви се богати со незаситени масни киселини,витамини и протеини.Оревите се моќни антиоксиданси и како такви се борат против оштетувањето на клетките предизвикани од разни болести.Ако јадеме една шака ореви дневно,на организмот му обезбедуваме бројни здравствени придобивки,а експертите велат дека за тоа се доволни само 5 ореви дневно.

Ако јадеме една шака ореви секој ден,ќе внесеме 185 калории,а од таа количина на јаткасти плодови можеме да очекуваме:

-Намалување на обемот на  струкот
-Спречување на развој на срцеви заболувања
-Намалување на вредностите на холестеролот
-Покачен број на сперматозоиди
-Намален ризик од дијабетес – ако имате дијабетес или преддијабетес, -доволно влакна во храната како оревите го спречуваат скокот на шеќерот во крвта после оброк
-Превенција од рак – оревите имаат најголема содржина на фенол меѓу јаткастите плодови и тоа им дава одлична антиоксидантна активност, -заштитувајќи ги клетките и органите од оштетување од слободните радикали
-Помал ризик од рак на дебелото црево – оревите содржат влакна кои се добри за здравјето на дигестивниот систем и го спречуваат ракот на дебелото црево

-Го намалуваат ризикот од срцеви заболувања преку спречување на апсорпцијата на масти и холестерол

Истражувањата докажуваат зошто е добро да јадете по една рака ореви секој ден
Со оглед на тоа дека оревите го намалуваат нивото на ЛДЛ или лошиот холестерол, тоа значи дека оваа храна го чува здравјето на срцето и ја подобрува неговата општа состојба. Оревите се особено вредни поради нивната висока концентрација на полинезаситени масни киселини. Тие се подобри од мононезаситените масни киселини во заштитата на нашето срце со намалување на концентрацијата на липиди во серумот. Бидејќи овошјето е богато со витамин Е, консумирањето ореви може да придонесе за одржување на здравјето на кожата, косата и ноктите. Истражувањето спроведено на Универзитетот во Калифорнија во Лос Анџелес покажува дека две шаки ореви дневно го подобруваат квалитетот на спермата во смисла на виталност, подвижност и морфологија.Оревите се познати и како стабилизатори на стресот,бидејќи се богати со омега-3 масни киселини,па органите почнуваат да функционираат подобро и го спречуваат затнувањето на артериите.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma