Некои нови истражувања открија дека кога се работи за бројот на сексуални партнери, подеднакво лажат и жените и мажите. Се претпоставува дека мажите реалната бројка ја множат со 3,а жените пак, ја делат со 3.
Долго време се мислело дека жените и мажите често се неискрени кога станува збор за бројот на сексуални партнери кои ги имале, а новата студија спроведена на интернет го докажа тоа. Така, мажите сакаат ад ја преувеличуваат таа бројка за да изгледаат како добри ловци во очите на жените, а пак жените сакаат да сокријат неколку за да не изгледаат промискуитетно во очите на мажите.
Освен тоа, во ова истражување е откриено дека мажите и жените често лажат за причините за прекинување на врската со бившите партнери, потоа лажат за годините, за тоа колку пари тршат и за својата професија.
Запрашани за тоа, кои се причините заради кои лажат испитаниците одговориле дека тоа го прават за да го заштитат егото и чувствата на новиот партнер и за да им се допаднат повеќе.
Жените најчесто лажат и за големината на своите гради, како и за својата тежина.
Мал процент од жените одговориле дека никогаш не лажат, бидејќи тоа предизвикува големи проблеми во врската.