Ако се исклучат изневерувањата што се оправдуваат со пијанство, постојат неколку состојби што стојат зад најчестите причини за изневерување.
Без разлика дали сте во врска или брак, дали сте маж или жена, добро е да ги прочитате и да размислите дали и вие грешите… вака или онака…
– Партнерот се променил
Ако партнерот физички се запушти, се здебели и престане да се дотерува за вас, најверојатно ќе ја изгубите желбата. Физичкиот изглед е работа на субјективниот вкус, но сите луѓе сакаат личноста што ја избрале да се труди околу нив и после неколку години врска.
Кога партнерот ќе забележи дека сакате да му бидете убави, тоа е еден од најголемите комплименти за него. Покрај грижата за својот изглед, не заборавајте да направите и тој да се чувствува привлечно со тоа што ќе му кажете дека после толку време тој се уште ве возбудува како на почетокот.
– Нема разбирање
Личноста во долга врска или брак најверојатно би изневерила ако најде трета личност што ќе покаже повеќе разбирање отколку долгогодишниот партнер. Затоа ако забележите дека меѓу вас постојат теми за кои се „гњавите“ и не можете да се согласите, обидете се брзо да ги решите. Ако ги оставите да се трупаат, ќе се појави некој кој ќе сака да го прави тоа наместо вас.
– Бараат секс
Ако сексот во врската или бракот со текот на времето се намалува, и по зачестеност и по квалитет, сосема е нормално партнерите своите потреби да ги задоволуваат на друго место. Не дозволувајте тоа да се случи, а ако веќе немате желба за секс со вашиот долгогодишен партнер, подобро е да и` погледнете на реалноста во очи и да го напуштите.
За разлика од вицовите, бракот во реалноста треба да биде еднакво убав како што сте си замислувале дека ќе биде. Ако нема страст и пријателство, подобро за сите е да го завршите.