Причината ќе ве воодушеви
Дали сте знаеле дека една третина од храната што ја јадеме ја опрашуваат пчелите и дека тие се всушност одговорни за хранење на 90 отсто од светската популација? Затоа британскиот натуралист Дејвид Атенборо советува дека секој двор треба да има лажица шеќер за да можат пчелите да се хранат и да добијат енергија да се вратат во својата кошница.
Имено, пчелите често знаат да се уморат, па немаат сила да се вратат во кошницата поради патот што го поминале. Да ги снема пчелите од нашиот екосистем, човештвото би имало сериозен проблем, но, за жал, тоа го правиме секојдневно со употреба на пестициди, но урбанизацијата и климатските промени се виновни за исчезнувањето на пчелите, што драстично го намалува бројот на пчели.
– Доколку пчелите исчезнат од планетата, на луѓето би им останале само уште четири години живот – вели Атенборо, а пишува „Мирор“.
Затоа, ако не сакате тоа да се случи и ако ги видите овие зујалки во вашата градина, измешајте лажица шеќер со лажица вода и оставете ги на видно место. Мешавината на шеќер и вода ќе ги рехидрира и ќе им ја даде потребната енергија за да продолжат со нивната работа од животна важност.