Зошто мачките сакаат да спијат кај сопственикот? Тоа им е омиленото место

popara21 октомври, 20231min00
72eb0d78726d5f2d29110dd2673ce64e827bc89d

Ретко кој може да им одолее на овие харизматични животни. Мачките се суштества кои луѓето ги припитомиле уште од античко време и се ценети и денес, иако не како во Египет – како богови. Но, да се вратиме на темата. Британските научници неодамна решија да откријат зошто мачките секогаш сакаат да се гушкаат покрај своите сопственици и дојдоа до овие три теории:

1. Топлина и лековити способности

Мачките нормално имаат повисока телесна температура од нас, па логично им треба повеќе топлина за да се загреат. Луѓето губат најголем дел од својата топлина преку главите, па можеби тоа е причината зошто некои мачки сакаат да лежат на нашите глави или перници во текот на ноќта.

Покрај тоа, долго време се веруваше дека мачките имаат исцелителна моќ. Овие „натприродни“ сили може да се објаснат едноставно. Имено, често делот од телото кој ни е повреден има повисока температура, па затоа мачките секогаш „се нацртуваат“ таму, како да знаат дека токму тоа место нè боли.

2. Неодолив мирис

Мирисот на сопственикот ги привлекува мачките. Мачките особено го сакаат мирисот на жените чија коса мириса убаво, дури и толку многу што може да почнат да ја лижат. Сепак, треба да бидете внимателни, бидејќи плунката на мачката може да содржи преносливи бактерии кои можат да влијаат на здравјето на вашата кожа и коса.

3. Безбедност

Кога е блиску до вас и го чувствува вашиот мирис, вашата мачка се чувствува поудобно и посигурно. Често се случува доаѓањето на гости да ја вознемири мачката и да ја направи депресивна бидејќи и е нарушена секојдневната рутина, но затоа мачката ќе легне со вас за да се чувствува побезбедно.

Затоа, секогаш дозволувајте вашата мачка да спие на вас. Освен што ќе ве загрее, ќе ја намали болката на болните места и ќе ве смири со нејзиното предење. Мора да признаете дека е прекрасно да се галите со меко суштество додека гледате телевизија или читате книга.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma