Зошто некои луѓе избегнуваат да влезат во врска со самохрани родители? Студија ги објаснува причините

popara26 јуни, 20231min00
shutterstock2177992261-830x0

Самохраните родители се едни од поактивните на „пазарот на самци“, но поради некоја причина постои одредена стигма околу влегувањето во емотивна врска со нив.

Секој разумен човек би прашал „зошто“, а истражувањето направено во Британија дошло до некои прилично негативно изненадувачки одговори.

Дури 14 отсто од испитаниците тврделе „дека врската што една личност ја има со бившиот партнер би им пречела“, додека други 14 отсто рекле „се плашат за финансиите на партнерот бидејќи децата се голем трошок“. Секој десетти мисли дека секогаш ќе биде понизок приоритет од децата, а секој четврти дека можеби нема да се согласува со децата.

Сепак, добрата вест за самохраните родители е дека и покрај стравот дека другите не сакаат да излегуваат со нив, повеќето возрасни, шест од десет, би биле подготвени да се обидат и покрај моменталната ситуација со нивните деца.

Беше откриено дека 63 отсто од сите самци кои бараат романса би биле во врска со самохран родител, но остануваат 16 отсто кои дефинитивно не би се обиделе. Убедливо најголемиот страв за оние кои имаат предрасуди е дека претходниот партнер ќе предизвика компликации.

Друга причина да не се плеткаат со самохран родител, наведена од 19 отсто од испитаниците, е верувањето дека „ќе има премногу емоционален багаж“. Други 15 проценти рекле дека едноставно не се заинтересирани да преземат каква било родителска одговорност за туѓи биолошки деца.

Студијата покажала и дека самохраните родители се плашат и од одредени работи. Околу еден од шест луѓе не откриваат дека имаат деца пред првиот состанок.

За жал, некои луѓе сè уште се заглавени со стигмата околу самохраните родители. Но, затоа треба да бидете искрени од почеток бидејќи тоа ви овозможува да направите подобра селекција, како и да избегнете непријатни реакции.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag