Зошто не привлекуваат оние кои не можеме да ги имаме: Има неколку објаснувања, според психолозите!

popara8 април, 20231min00
shutterstock453228295-830x0

Во светот на запознавањето, не е толку ретко да се чувствуваме „отфрлено“, а потоа наместо да се повлечеме, да почнеме да се опседнуваме со личност која не не сака.

Приказната е добро позната, некој ви се допаѓа, вие ѝ се допаѓате на таа личност, комуницирате, можеби дури и одите на состанок, а потоа наеднаш таа личност почнува да „исчезнува“. Почнувате да ги „притискате“, што предизвикува дополнителен контра-ефект. Тогаш на сцена стапуваат анксиозноста и опсесијата.

Постојат неколку теории зошто се врзуваме за луѓе кои јасно кажуваат дека не се заинтересирани.

1. Инвестирање

Нашиот мозок работи на принципот на реципроцитет. Ако направиме нешто за некого, дури и ако свесно не бараме ништо за возврат, нашата потсвест сепак очекува таа личност да направи нешто со еднаква вредност за нас, што може да варира од покана за вечера до едноставен одговор на порака.

Кога симпатијата не возвраќа со ист интензитет, наместо да се повлечеме, се трудиме уште повеќе, надевајќи се дека можеби ќе се предомисли. Тогаш нашата потсвест очекува повеќе и на тој начин следи уште поголемо разочарување.

2. Перцепција на вредност

Колку помалку некој реагира на нашето додворување, толку повеќе стануваме убедени дека дотичната личност има „високи стандарди“ и дека „навистина вреди“.

Ваквиот начин на гледање на работите е опасен затоа што колку повеќе ја сметаме нашата симпатија за возвишена и недостижна, толку помалку вредни ќе се сметаме себеси.

3. Одбранбен механизам

Ако има 20 луѓе кои можеме да ги „имаме“ и упорно сме заинтересирани за таа личност која не не сака, тоа може да биде показател за следнава шема на однесување:

Ако го бркаме „невозможното“, тоа значи дека потсвесно не треба да носиме одговорност зошто нешто „не ни оди“, велат психолозите.

Тоа е пасивност, која одлично им одговара на луѓето кои се плашат од каква било акција. Ако нема емотивна врска, нема можност таа да пропадне.

4. Изгубени можности

Ако сè се одвивало без проблеми и одеднаш работите тргнат надолу, како на пример, „Постојано се допишувавме, сега доаѓа на секои три дена, а знам како беше…“, нашиот мозок има всадена идеја за тоа како било и не сака да ја прифати моменталната состојба.

5. Наука

Сето ова лесно се објаснува со фактот дека мозокот копнее за допамин. Ако сме многу возбудени за запознавање со некого, овој хормон го достигнува својот максимум и кога тоа запознавање ни е оневозможено – нагло опаѓа, и ни се развива еден вид „криза на зависност“ поради што ни треба уште една „доза“.

Имено, луѓето кои имале или имаат проблеми со алкохолот и забранетите супстанци во минатото се поподложни на вакви токсични обрасци бидејќи хемикалиите во нивниот мозок се различни и функционираат според принципот на „допамински подеми и падови“.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma