Зошто не треба да уринирате под туш: Лоша навика која може да биде штетна за вашиот мочен меур

popara7 август, 20231min00
pexels-karolina-grabowska-5240750-830x0

Докторката Тереза ​​Ирвин на платформата TikTok го сподели своето мислење за тоа дали уринирањето под туш е лошо и зошто. Таа го објасни тоа наједноставно, наведувајќи дека иако е во ред да го испразните мочниот меур додека стоите, вашиот мозок ќе се тренира да ослободува урина секогаш кога ќе слушнете како водата тече.

– Не сакате да го правите тоа постојано бидејќи секогаш кога ќе слушнете звук на вода, вашиот мочен меур ќе сака да испушта урина, затоа што е навикнат да го прави тоа кога ќе го слушне звукот на водата под туш – објаснила таа, додавајќи дека нагонот за мокрење ќе се појави секогаш кога миете садови, ги миете рацете или слушате како тече вода.

@thepelvicdancefloor

Reply to @gwas007 why you shouldn’t pee in the shower (probably part 1 of multiple?) #learnontiktok #tiktokpartner

♬ Similar Sensation (Instrumental) – BLVKSHP

Д-р Алиша Џефри-Томас, терапевт на карлицата со седиште во Бостон, се согласи со д-р Ирвин, објаснувајќи ги опасните несакани ефекти кои можат да настанат од мокрењето додека стоите под млаз вода.

– Ако мочате додека тече водата, создавате врска во вашиот мозок помеѓу звукот на проточна вода и потребата да одите во тоалет – им порача таа на своите следбеници на TikTok.

– Обидете се да уринирате пред да ја вклучите водата под туш, а ако ви се појави нагон додека сте внатре, обидете се да го игнорирате – препорача д-р Џефри-Томас.

@thepelvicdancefloor

How to Train Your Bladder – Part 1 #LearnOnTikTok #TikTokPartner #bladdertraining #bladderretraining

♬ TIDE TO YOUR SOUL – C. Paul Chantrill

Во серијата видеа со наслов „Како да го тренирате мочниот меур“, лекарскиот совет е да се обидете да го користите тоалетот само три до четири пати во текот на денот, но најмалку два. – Идеално, не треба да станувате ноќе – објасни д-р Џефри-Томас. Ако постојано се предавате на нагонот веднаш да одите во тоалет, тогаш го тренирате мозокот почесто да го испраќа тој сигнал до вашето тело.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag