Има моменти кога тажната музика ни е попријатна од веселите мелодии, и покрај тоа што е срцепарателна. Зошто луѓето често наоѓаат утеха во меланхоличните стихови и ноти? Експертите велат дека тагата во песната го одразува она што го чувствуваме и не можеме да го објасниме или изразиме со зборови.
Според истражувањата, ваквите песни даваат поддршка по загуба или настан кој кај нас разбудил страдање. Тажната музика може да биде како имагинарен пријател кој ја разбира нашата болка и ни помага да се справиме со тешките емоции. Исто така, уживањето во такви мелодии може да ни врати сеќавања на важни моменти во животот, што прави да се чувствуваме носталгични.
Студијата покажала дека околу 25 отсто од луѓето всушност се чувствуваат депресивно откако слушале тажна музика. Останатите рекоа дека тоа кај нив буди различни емоции, а најчеста е носталгијата.
Истражувачите веруваат дека носталгијата може да биде корисна на многу начини, бидејќи може да го зголеми чувството за социјална поврзаност, да ја намали анксиозноста и да ја подобри самодовербата.