Во текот на летото често се случува да не можеме да јадеме поради високата топлина, па да го изгубиме апетитот.
Често нашата исхрана се сведува на лесни работи како супа, овошје и зеленчук, а оние кои не внесуваат доволно храна во своето тело се чувствуваат слаби и со вртоглавици. Губењето на апетитот може да биде и симптом на топлотен удар, придружен со висока температура, забрзано чукање на срцето и гадење.
Зошто го губиме апетитот во топлите денови?
Студија од Кина во 2021 година покажа дека зголемувањето на температурата за еден степен може да го намали внесот на храна за 0,11%, пишува „Very well health“.
– Луѓето кои живеат во земји со потопла клима обично јадат помалку, бидејќи калориите од храната произведуваат топлина и можат уште повеќе да го загреат телото – вели Алисон Чајлдрес, регистрирана диететичарка.
Количината на топлина произведена со варење е позната како „термички ефект на храната“. Храната богата со протеини има најголем термички ефект, па затоа пилешкото, телешкото, гравот, јајцата, леќата и морските плодови може најмногу да ве загреат додека почнувате да ја варите храната.
Што можете да јадете за да се разладите?
Според Гордон Фишер, доктор по кинезиологија, некои од најхидрантните намирници се дињата, зелената салата, целерот, доматите, краставицата и јогуртот.