Веста која го одбележа светот на познатите оваа недела е разводот кој никој не го очекуваше – заврши бракот на Софија Вергара и Џо Манганиело
Многумина мислеа дека нивниот брак е идеален и ги земаа како пример за хармонична врска, но парот реши да стави крај по седум години.
Џо Манганиело поднел барање за развод од Софија Вергара, наведувајќи ги „непомирливите разлики“ како причина, пишува „Mirror“.
Двојката во понеделникот откри дека официјално се разделуваат. Тие споделија заедничка изјава во која се вели:
– Ја донесовме тешката одлука да се разведеме. Како двајца луѓе кои многу се сакаат и се грижат еден за друг, љубезно бараме да се почитува нашата приватност во овој момент додека се движиме во оваа нова фаза од нашиот живот.
Документите до кои дошол „TMZ“ откриваат дека постои предбрачен договор, што значи дека секој од нив ќе го задржи имотот што го стекнал за време на бракот.
Други извори велат дека бракот без деца станал проблем за Џо, кој сакал деца, додека Софија, наводно, не.