Зошто се јавува МАЧНИНА ПРИ ВОЗЕЊЕ? Еве како да ја спречите, ВАЖНО Е КАДЕ ГЛЕДАТЕ

popara16 мај, 20231min00
2df5b65e0405815147010bf18091215783dea0c7

Подолгите патувања може да предизвикаат гадење, вртоглавица, па дури и повраќање кај многу луѓе при возење, без разлика дали се работи за автомобил, автобус или авион. Ако се прашувате како настанува мачнина додека се возите, еве го одговорот!

Гадењето се јавува од едноставна причина. Центарот за рамнотежа не е спарен со видот, пишува Ревија ХАК. Односно, движењата на телото и силите што дејствуваат на телото не се усогласени со она што го гледате. Погледот најмногу ви е насочен надвор од автомобилот, на левата или десната страна, (ако не сте возач) и не ги следи кривините, односно гледате настрана, а не низ шофершајбната.

На пример, на задното седиште на автомобилот, децата гледаат на задниот дел од предното седиште стабилен хоризонт со потпирачите за глава кои се статични, но системот за рамнотежа чувствува дека телото се движи. Со оваа разлика во сетилата се јавува гадење.

Децата на возраст од шест до 12 години се почувствителни од возрасните. Единствениот совет е возачите да успоруваат во кривините колку што можат, а патниците на задното седиште да се обидат да гледаат напред, преку шофершајбната. Покрај тоа, експертите советуваат да се фокусирате на предмети во далечина за да ја ублажите мачнината. Друг совет е да отворите прозорец или да одморите и да навлезете свеж воздух ако ви се гади.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag