Ако во деновите кога врне сте биле нерасположени, тромави и поспани, не сте сами ниту сте болни.
Ваквата состојба при дождливо време е доста честа појава, а според некои истражувања „виновникот“ за лошото расположение е „играњето“ на два хормона: серотонин и мелатонин.
Серотонинот е хормон кој ни дава чувство на благосостојба, енергија и добро расположение. На ведро и сончево време, сетилото за вид регистрира светлина, а тоа му сигнализира на мозокот да лачи повеќе серотонин. Кога ќе опадне нивото на овој хормон, нормално е дека има поголеми шанси да се чувствуваме уморни и да не сме спремни на ништо, бидејќи се зголемува нивото на мелатонин.
Мелатонин повеќе се лачи кога времето е мрачно и со оглед на тоа што овој хормон е важен за воспоставување на циклусот на спиење, повеќе спиеме кога нема сонце.
Исто така, интересно е тврдењето дека звукот на дождот, кој мозокот го толкува како смирувачки сигнал, нè заспива исто како хормоналните промени.
-Таа смирувачка бучава ќе „покрие“ некои помалку пријатни звуци кои би не вознемириле, како да ни кажува „се е во ред, се е во ред“… Затоа е тешко да не разбудат кога врне – објаснија истражувачите од Универзитетот во Пенсилванија во Америка.