ЗОШТО СТЕ ХРОНИЧНО УМОРНИ ИАКО ДОВОЛНО СПИЕТЕ?

popara19 декември, 20231min00
Screenshot_3

Сите ние имаме одредени периоди во животот кога обврските нé затрупуваат па сонот најмногу страда поради тоа. Одвај ги држиме очите отворени и се налеваме со кафе само за да го протуркаме денот.

 

 

Но, сериозно фрустрира фактот кога чувствувате хроничен замор, иако сте отспале просечни 7 часа во текот на ноќта. Тогаш, зошто сте толку уморни?

 

Верувале или не, иако недостатокот од сон е најочигледна причина за умор, не е единствена.

 

Доколку сте постојано уморни и немате енергија, пронајдете го виновникот во некоја (или неколку) од овие 7 причини:

 

Полунесоница

За разлика од несоницата, луѓето кои се соочуваат со полунесоница успеваат некако да заспијат, но квалитетот на сонот, односно спиењето е ужасен. Наместо да се одморат како што тоа се случува за време на добриот цврст сон, тие се будат уште поуморни.

 

Докторите веруваат дека ова се должи на турбулентен животен стил и поминување премногу време пред електронски уреди. Како резултат на сето ова мозокот останува активен додека технички спиете и се будите уморни, наместо одморени и свежи.

 

Дехидрираност

Според истражување спроведено во 2012-тата година, здравите луѓе кои не пијат доволно количество на вода имаат ниско ниво на енергија и пречесто менување на расположението.

 

Пиењето доволно вода е клучот за подобрување на енергијата, и воедно обидете се да го намалите консумирањето на течности кои предизвикуваат дехидрираност и сува уста, како алкохол, млеко, кафе и слатки газирани пијалаци.

 

Недостаток на физичка активност

Доколку сте постојано уморни, а не практикувате апсолутно никаква форма на физичка активност, време е да направите промена. Никој не очекува од вас да истрчате маратон, но доволно се околу 25 минути дневно, макар и правење вежби со помал напор и тежини, за да не чувствувате хроничен умор.

 

Пешачењето со средно умерено темпо исто така спаѓа во оваа категорија, па лесно може да го вметнете во дневната рутина.

 

Претерана физичка активност

Слично како и претходното и оваа ситуација која оди во крајност може да направи да се чувствувате постојано заморени. Доколку претерувате со вежбањето или трчањето, овој тип на физички активности предизвикува осцилации на хормонот кортизол.

 

Доколку не постигнете одреден здрав баланс помеѓу активностите и одморот, вашето тело ќе страда од физички стрес.

 

Лош режим на исхрана

Премногу јагленихидрати, шеќер и слатко, а премалку свежо овошје, зеленчук и протеини ќе ве направат кенкави, мрзоволни и многу уморни. Затоа пронајдете избалансиран начин на исхрана кој ќе ви даде дополнителна енергија, без да се чувствувате хронично исцрпени.

 

Премногу стрес

Нивото на стрес хормонот кортизол кој веќе го споменавме треба да е највисок во утринските часови (од 8.30 до 9.30 наутро), а најнизок во вечерните часови. Ова е клучот за одржување на телото во беспрекорно здрав природен ритам.

 

Хроничниот стрес ја пореметува оваа шема кога телото и умот се соочуваат со премногу стресни ситуации. Тогаш кортизолот се покачува дури и во вечерните часови, наместо да се симнува и организмот да се подготвува за спиење и добар сон. Токму поради оваа причина будењето наутро со главоболка и умор е неподносливо.

 

Ниско ниво на железо

Скоро секој од нас се соочил со паднато, односно ниско ниво на железо во некој период од животот (особено трудниците за време на бременоста или по неа). Ниското железо е практично синоним за умор и замор и е една од најчестите причини поради кои сте постојано истоштени.

 

Консултирајте се со лекар пред да одлучите какви суплементи би требало да земете за покачување на железото и јадете доволно протеини и зелен лисест зеленчук за зголемување на неговото ниво во организмот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma