Зошто јадеме повеќе кога е ладно? Ново откритие може да ни помогне при развој на нови терапевтски пристапи

popara18 октомври, 20231min00
shutterstock327664292-830x0

Сите знаеме дека апетитот ни е поголем и дека јадеме повеќе во зима, односно кога надвор е ладно. Но зошто е тоа така?

Научниците успеаја да идентификуваат кластер на неврони кои играат клучна улога во регулирањето на зголемувањето на апетитот предизвикано од студ кај глувците. Ова откритие може да помогне да се развијат нови терапевтски пристапи во областа на метаболичкото здравје и губење на тежината.

Познато е дека цицачите инстинктивно ја зголемуваат потрошувачката на енергија кога се изложени на студени услови за да одржат нормална телесна температура. Имено, дел од потрошувачката на енергија е поврзана со генерирање на топлина со цел одржување на телесната температура во тесен опсег. Зголемувањето на потрошувачката на енергија доведува до зголемување на апетитот и внесот на храна, и тоа е сосема логично. Сепак, до оваа студија, прецизниот механизам на зголемување на апетитот не беше познат.

Еден од клучните наоди на студијата беше идентификацијата на кластерот на неврони, едно од јадрата на средниот таламус, кој делува како „прекинувач“ за однесување на студ и барање храна кај глувците. Истражувачите забележале дека активноста на овие неврони значително се зголемила како одговор на студените услови, непосредно пред глувците да почнат да бараат храна.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag