Понекогаш девојките само сакаат нивните нокти да бидат во бојата која во моментов сите ја носат.
Но, дали некогаш ќе ги погледнете ноктите и ќе сфатите дека она што го сте го виделе на слика е сосема поинакво и поубаво од она што го гледате на вашите раце?
Поентата е дека следниот пат не само што треба да ги следите трендовите туку и да земете во предвид кои нијанси се согласуваат со вашиот тен, пишува Nails designs journal.
Подолу ви помагаме да ја изберете вистинската боја и нијанса.
Широк спектар на бои за бледа кожа
Изборот е доста импресивен, но сепак има ограничувања. Пастелните нијанси се дефинитивно најдобриот избор, но дури и ако изберете крваво црвена или светло розова, нема да погрешите. Се препорачува да се држите подалеку од црно.
Совет: Ако сакате вашите нокти да изгледаат визуелно помали, темно сината е нијансата што ви треба.
Златните нијанси во никој случај не се за на маслинестиот тен
Ако изберете беж нијанси, вашите раце ќе изгледаат послаби. Но, ако тие не се меѓу вашите омилени, нема да погрешите ниту со виолетова боја. Праска боја е вистинскиот избор, како и топлите црвени бои. Најдобро е да се држите подалеку од златни нијанси.
Бакарна или кафена боја за дами со маслинест тен
Најдобрите бои што можат да ги носат дамите кога се исончани се топли нијанси, па дури и металик. Избегнувајте златни бои бидејќи ќе се вклопат со вашиот тен. Сепак, меѓу поладните тонови, исклучок е „baby blue“, која изгледа убаво во контраст. Ако сакате потемни нијанси, изберете бакарни и кафени бои.
Темен тен и живописни бои
За дамите со темен тен боите треба да бидат живи, па во овој поглед најдобар е виолетовиот, синиот или црниот лак. Пастелни или светло портокалови бои нема да одговараат на тонот на вашата кожа.