Идеја за СУПЕР појадок: Врвна торта направена од бајат леб (РЕЦЕПТ+ВИДЕО)

popara4 јануари, 20231min00
Baka

Вашите домашни ќе бидат воодушевени

Не знаете што да подготвите за појадок?

Не грижете се, имаме одличен предлог за вас.

Зошто да не направите едноставна, но супер вкусна торта од бајат леб.

Едноставно искористете ги состојките кои веќе ги имате дома и добивате феноменален оброк.

Пробајте и уверете се сами!

Состојки:

1 бајат леб или сечен леб

300-40 гр павлака

мало врзопче листови од магдонос

малку оригано

3 чешниња лук

1 коцка сирење околу 100 гр

150 гр шунка

1 краставица

малку сецкани солени кикиритки

Подготовка:

Во павлаката додадете ги сечканиот магдонос, лукот, ориганото и сирењето и изедначете сè. Павлаката може да се замени со помеко сирење. Обложете округла или квадратна тава за печење со фолија и наредете кришки леб на дното (извадете ја кората, користете ја само средината).

Премачкајте со павлака и наредете ја шунката. Повторно павлака, леб, павлака, тенко исечени краставици, павлака, шунка, павлака, леб…

Покријте со фолија и оставете да се излади 2-3 часа или преку ноќ.

Превртете на тацна, премачкајте со кисела павлака и посипете со сечкани солени кикирики.

Погледнете го водичот за подготовка чекор по чекор.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag