Избркајте ги СМРДЛИВКИТЕ: Раствор од кој ќе побегнат без да испуштаат непријатни мириси

popara11 февруари, 20231min00
b9df3fea320444518bcd4e1c632a0344355dbff9

Пробајте го трикот на искусните градинари

За време на студените денови, смрдливките бараат топли и суви места, па влегуваат во нашите домови за да се скријат од студот и да ја преживеат зимата.

Тие влегуваат во куќите и становите преку пукнатините на фасадата или кој било простор кој не е добро изолиран, па прво што треба да направите за да не влезат во вашиот дом е да ги поправите сите надворешни оштетувања.

Градинарите знаат трик со раствор од сода бикарбона во вода, со кој ги прскаат растенијата, а луѓето веруваат дека смрдливките бегаат од мирисот на лук и нане, па затоа овие намирници треба да се стават во близина на влезните врати, прозорци и други места низ кои досадните бубачки можат да поминат.

Друга, а можеби и подобра опција е да истурите неколку капки етерично масло од пеперминт во вода и да ги испрскате прозорците, влезните и балконските врати однадвор.

Смрдливка во домот

Не ја убивајте и не ја плашете на никаков начин, бидејќи кога ќе се почувствуваат загрозени, смрдливките испуштаат одвратен мирис. Не допирајте ја со раце, туку земете хартија или ракавици, нежно фатете ја и исфрлете ја.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag