Ако некогаш сте се запрашале во што е разликата помеѓу зелените и црните маслинки, одговорот е многу едноставен – во времето на зреење на плодот.
Многумина не знаат, но црните маслинки се всушност зрели зелени маслинки. Се берат во ноември и декември, за разлика од зелените кои се берат најмалку месец до два порано. Колку подолго зрее маслинката, нејзината боја се менува – од зелена во рубин-црвена, а потоа до израз доаѓаат темните тонови на виолетова боја, а тоа се всушност црните маслинки.
Зелените маслинки имаат посочно месо, а имаат посвеж и некако посладок вкус. Оние црвенкастите се берат токму во моментот на зреење, а црните всушност може да се наречат презрели. Колку се потемни маслинките, толку месото е помеко, а вкусот е поинтензивен и погорчлив.
Маслинките, и црните и зелените, содржат бројни антиоксиданси, а некои студии потврдија дека имаат и својства кои го спречуваат развојот на одредени видови тумори. Имаат многу витамини, особено витамин Е и супстанции кои ги штитат крвните садови. Но, бидете внимателни кога ги консумирате солени, во тој случај не се препорачува да јадете повеќе од две или три дневно.