ИЗГЛЕДАЛА КАКО ВИСТИНСКА БАРБИКА: Стајлингот на Марго Роби инспириран од кукла од 1960-тите буквално го одзема здивот

popara18 јули, 20231min00
329581_margo-robi_ls

Синоќа во Лос Анџелес се одржа светската премиера на долгоочекуваниот филм „Барби“, а секако најголемо внимание привлече главната актерка Марго Роби.

И покрај тоа што многумина очекуваа таа да се појави на розовиот тепих во иста нијанса на фустан, Марго се одлучи за црна тоалета со која секако ѝ оддаде почит на најпопуларната кукла на светот.

Margo Robi oduševila je sve na premijeri filma

Имено, црниот фустан со светки, кој е припиен до телото, а завршува со карнер направен од неколку слоеви тул, е инспириран од куклата Барби од изданието „Solo in the Spotlight“, која датира од 1960 година.

https://i.pinimg.com/564x/2e/fe/7c/2efe7cb351fce5b49f23c6b03b2e3db2.jpg

Како и куклата што ја „копираше“, Марго стајлингот го комплетираше со црни кадифени ракавици до рамо, дијамантски ланче, а имаше и розов шал од тул.

Актерката го заокружи изгледот со црни сандали на високи потпетици од брендот Маноло Бланик, а нејзината коса и шминка беа во стилот на златната ера на Холивуд. Со елегантно опавче и високи исчешлани шишки, Марго изгледаше како вистинска жива барбика.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag