Изгледа сензационално:Маргот Роби плени со сексипилност во фустан кој освојува со детали

popara15 ноември, 20231min00
Маргот Роби

Црната комедија ‘Saltburn’ е нов филм на продуцентската куќа LuckyChamp Entertainment,меѓу кои една од сопствениците е познатата холивудска русокоса Маргот Роби.

Новиот филм на наградуваниот режисер и актерка Емералд Фенел ќе се појави во светските кина на 17 ноември,а посебно внимание на официјалната премиера обезбеди Маргот Роби.Откако летово доминираше во изданијата инспирирани од најпознатата кукла на светот,оваа недела сервираше доза на сексипилност во сензационален фустан на модната куќа Schiaparelli.

Познат по својата авангардна мода,овој иконски бренд во последните сезони ги освои љубителите на модата под креативно водство на Американецот Даниел Роузбери,вклучувајќи ја и 33-годишната Австралијка.

Нејзиниот избор беше кафен фустан од актуелната колекција,кој изгледаше како комбинација од корсет топ и волуменозно здолниште.

И додека многубројните фустани со потпис на Schiaparelli често се украсени со некои авангардни детали,фустанот што го избра австралиската ѕвезда се издвојува само со минијатурен детаљ во златна боја,модел на антички тропалка на врата.

Со практичен детаљ од џебови,таа го истакна овој заводлив фустан со дебело златно ланче,следејќи го правилото „помалку е повеќе“.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma