Изгубил сè, како да е проколнат: Од смртта на сопругата, филмската ѕвезда повеќе не може да помисли да биде со ДРУГА ЖЕНА!

popara19 февруари, 20231min00
Screenshot_2

За само неколку дена, актерот Џон Траволта ќе го прослави својот 69. роденден, додека неговите пријатели откриле дека сè уште тагува по својата сакана сопруга

 

 

 

Џон Траволта се скршил по трагичната смрт на неговата сопруга Кели Престон во 2020 година, открил извор близок на актерот.

 

„Џон сè уште се смета себеси за оженет човек и вели дека ќе ѝ остане верен на Кели до смртта. Тој постојано зборува за Кели. Тоа е тажно, но тој се зарече дека ќе остане во целибат до крајот на животот. Кога би бил со друга жена, би го доживеал тоа како прељуба и предавство кон неговата жена Кели“, објаснил анонимен извор.

 

Џон и Кели се запознале во 1989 година на снимање на филм, а се венчале две години подоцна. Биле една од оние двојки кои со секое свое појавување во јавност предизвикувале ронка љубомора кај многумина. Се сакале долги години, а во љубовта не ги поколебале ни бројните трагедии.

 

Како истакнати членови на сајентологијата и Џон и Кели добивале големо внимание, додека црквата се обидувала да им помогне во кариерата. Но потоа им се случиле бројни трагедии.

 

Во 2009 година, нивниот син Џет кој имал само 16 години, ненадејно починал откако паднал во бањата и удрил во кадата со главата.

 

Џон Траволта признал дека тоа е најлошото нешто што некому може да му се случи и дека секојдневно се бори против депресијата што настапила по трагичната загуба.

 

„Мислев дека најтешкото нешто во животот е кога ќе ги изгубиш родителите, но не е. Најтешко е кога ќе го изгубиш детето“, рекол Траволта во една пригода.

 

Двојката подоцна дознала дека Кели има рак на дојка. Две години се борела со оваа опасна болест, а се зборувало дека ја напуштиле сајентолошката црква, бидејќи таа ги советувала само на алтернативно лекување.

 

И покрај сите напори, Кели не успеала да се избори со болеста, а Џон продолжил да се грижи за нивните две деца, ќерката Ела и синот Бенџамин, кој има само 12 години.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag