Издинстајте го месото на вистински начин: Вака зготвено ќе биде меко и сочно – нема грешка!

popara3 декември, 20231min00
17679_shutterstock-1218507304_f

Динстаното месо е сочно, вкусно и се топи во устата. Кога се подготвува, на пример, говедски или свински гулаш или чорба, месото ги впива вкусовите и аромите и таквите јадења се вистинско уживање.

Кога го динстате месото, само треба да бидете трпеливи, бидејќи колку подолго се динста, толку подобро ќе биде и ќе се распадне.

Еве универзален рецепт за месо, а останатите состојки прилагодете ги.

Состојки:

околу 700 гр свинско месо
1 натрупана лажица сало
вода
1 лажица сув зачин
мелен црвен пипер

Подготовка:

Месото исечкајте го на коцки, ставете го во длабока тава, налејте го со вода да го покрие месото, додадете маснотии и сув зачин.

Ставете го месото да се крчка 2 до 3 часа на ниска температура. Кога ќе почне да се распаѓа, оставете ја целата вода да испари и малку да се пржи.

На крајот додадете малку мелен црвен пипер.

Послужете го месото со вашиот омилен прилог, свеж или печен зеленчук – компири, на пример.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma