ИЗЕДЕТЕ ЈА И КОРАТА! Овие овошја и зеленчуци никогаш не треба да ги лупите, бидејќи ги фрлате витамините

popara7 април, 20231min00
754294_glavna-506775409_f

Ако до сега сте ги лупеле овошјето и зеленчукот и сте ја фрлале кората, престанете. Во повеќето случаи, таа е побогата со витамини и минерали од самото овошје. И ако го правите тоа за да ги отстраните пестицидите, можете да го направите и со сода бикарбона. Кое овошје и зеленчук е подобро да се јаде со кора?

* Портокал: кората содржи двојно повеќе витамин Ц од месото, како и поголема количина на калциум, магнезиум, калиум и четири пати повеќе влакна од целиот портокал. Изрендајте ја во салати и колачи.

* Краставица: нејзината кора содржи состојка која помага во создавањето колаген во кожата, правејќи ја затегната и свежа.

* Морков: кората има антибактериски и антиинфламаторни својства.

* Јаболко: кората има многу повеќе состојки кои го штитат организмот од рак отколку плодот, исто така е богата со пектин, кој го намалува холестеролот и помага во регулирање на нивото на шеќер во крвта.

* Компир: лушпата има седум пати повеќе калциум и 17 пати повеќе железо од истото количество плод! Содржи и многу калиум, магнезиум, витамини Б6 и Ц.

* Лубеница: здравите состојки ги има во светлиот дел од кората. Една од нив е аминокиселината цитрулин која помага во проширување на крвните садови и со тоа ја подобрува циркулацијата. Од кората од лубеница се прави слатко.

* Модар патлиџан: сината боја доаѓа од моќниот антиоксиданс кој штити од рак, особено нервниот систем. Кората е богата и со состојки кои ја подмладуваат кожата.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma