Тешко е да се разбере што мажите навистина очекуваат од жените. Тие понекогаш излегуваат со популарната девојка во училиштето, иако им се допаѓа повлечената бубалица. Тие можат со часови да зјапаат во најзгодната девојка и истовремено да ѝ се воодушевуваат на фудбалерката која шутира топка подобро од момците. Жените се подготвени да направат многу работи за да ги импресионираат мажите, но дали успеваат во тоа? Најчесто не.
На мажите им се допаѓаат многу различни типови жени, но кога треба да одберат партнерка, тие одеднаш стануваат многу пребирливи и резервирани. Она што на женскиот пол му се чини природно и привлечно, честопати го постигнува спротивниот ефект кај момците. За да не бидете во заблуда, прочитајте кои се работите кај жените што мажите ги сметаат за крајно непривлечни…
- Многу шминка
Точно е тоа дека на мажите им се допаѓаат познатите ѕвезди кои носат многу шминка, но кога се работи за нивната партнерка, тие никогаш не би го прифатиле овој начин на разубавување. Мажите ги обожуваат жените кои се природни убави. Со нанесувањето премногу креон, сенка, маскара, пудра, кармин и слично, ја криете вашата природна убавина. Природната убавина доаѓа од начинот на кој се смеете или трепкате. Тие мали детали ги забележуваат мажите кај жените. Вештачката убавина на шминката не им е воопшто привлечна. Момците сакаат да ги гледаат жените во нивното природно издание, со сите мозолчиња и дупчиња. Намалете ја шминката и бидете природни!
- Дами во неволја
Да бидеме искрени! Детските бајки се една голема лага. Ниту еден маж не сака да биде со дамата во неволја. Мажите бараат жени кои можат да ги надополнат и обратно. Вистината е дека тие имаат попаметна работа во животот од тоа да глумат принцови и да спасуваат дами во неволја.
- Екстремна преобразба
Дали планирате да си ја скратите косата само затоа што момчето кое ви се допаѓа покажало интерес за девојка со кратка коса? Немојте. Тоа не значи дека тој обожува кратка коса. Напротив, на мажите не им се допаѓа кога жените минуваат низ екстремна преобразба како што целосна промена на косата или подлегнување на пластична операција. Момците не сакаат кога нивните партнерки се обидуваат да се сменат поради нив. Тие се вљубиле во вас такви какви што сте. Многу ќе им пречи доколку направите екстремна промена на изгледот.
- Кралици на драмата
Мажите мразат девојки кои драматизираат. Ако сакате да привлечете внимание со тоа што ќе направите драма, ќе успеете, но на негативен начин. Момците претпочитаат едноставни девојки и мразат компликации. Никогаш не би сакале да имаат партнерка која ќе прави сцени каде и да одат.
- Озборувања
Сите озборуваат понекогаш, но тоа не треба да се случува цело време. Дозволено ви е да споделите некаков скандал или гласина што се случиле во вашиот круг на луѓе, но мажите не сакаат постојано да слушаат трачеви. Кога ќе излезете, тие сакаат да поминете квалитетно време заедно. Немојте да го уништувате тоа со озборувања! Тоа значи дека вие ги потценувате луѓето околу вас и се обидувате да ја зголемите вашата вредност, со тоа што ќе ја намалите нивната. Таквото однесување има негативно влијание на мажите.
- Зборување лошо за бившите
Вашиот поранешен партнер можеби навистина бил голем кретен. Но, сигурно сте го сакале барем малку штом сте останале со него толку долго. Зошто да зборувате лошо за него сега? На тој начин нема да му покажете на вашиот сегашен партнер колку ви значи. Напротив, вашиот партнер ќе си помисли дека ако раскинете, ќе почнете и за него да зборувате лошо. Тоа ќе го оддалечи од вас. Лошите зборови за човекот кого некогаш сте го сакале покажуваат дека не ги цените убавите моменти поминати со него и дека воопшто не го почитувате. Мажите сакаат да бидат почитувани и ако забележат дека на нивните партнерки им недостасува оваа особина, нема да останат уште долго со нив.
- Немање никаков живот
Дури и да не сте толку успешни колку вашиот партнер, треба да имате свој живот. Мажите не ги привлекуваат жените кои немаат никаков живот. Момците сакаат партнерки кои се самоуверени и инспиративни. Нема да го добиете неговото внимание ако се однесувате како тој да е во центарот на вашиот универзум. Наместо тоа, тој ќе го изгуби интересот, бидејќи немате никаков сопствен професионален или социјален круг. Запомнете дека нему му треба простор.
- Караници со други жени
Мажите ги мразат караниците помеѓу жените. Ако започнувате кавги со други жени за да му покажете дека сте подобри од нив, само ќе го оддалечите од вас. Доколку сакате да му докажете на вашиот партнер колку сте добри, сторете го тоа преку вашата работа и труд.
- Напорни жени
Сите мажи сакаат кога нивните партнерки ќе им побараат помош, но ако постојано зависите од нив, ќе се почувствуваат како во затвор. Тие сакаат да ви бидат партнери, а не родители или чувари. На момците им требаат партнерки на кои ќе можат да се потпрат и обратно. Не им требаат жени кои постојано ќе им досадуваат. Немојте да им бидете товар!
Можеби се изненадивте од работите што се најдоа на ова а листа, но време е да се соочите со вистината. Најважно е да бидете природни, свои и независни и порано или подоцна, вистинскиот маж ќе се појави во вашиот живот.