Илон Маск освен што е многу таинствен кога е во прашање неговиот приватен живот,тој е и многу креативен при изборот на имињата на своите деца.Еден од најбогатите луѓе во светот, Илон Маск, доби трето дете со пејачката Грајмс.
Оваа информација која денеска ги изненади сите се најде во новата биографија на Илон Маск.
Автор на оваа книга,која излезе денеска,е Волтер Исаксон.Во овој дел тој наведува дека 52-годишниот милијардер и сопственик на мрежата Х,станал татко на уште едно машко дете.
Се досега додека да биде објавена биографијата,од јавноста се криеше дека имаат друг наследник.
Не е познато зошто ја чувале оваа радосна вест во тајност,но и не е чудно кога е Илон во прашање,бидејќи приватниот и љубовен живот никогаш не им го сервирал на медиумите.Сепак, она што беше уште поизненадувачки од самата вест е името на момчето.Да потсетиме, Грајмс и Маск имаат еден син со многу необично име Момчето се вика X Æ A-Xii,но повеќето го нарекуваат со прекарот – X.
Нивната ќерка го добила името Екса Дарк Сидериал,но подоцна нејзиното име било променето во нешто многу поедноставно, но и многу понеобично.Сега се нарекува „Y“, односно „Зошто“ што во превод од англиски би значело „Зошто?“.А нивното трето дете, синот, се вика Techno Mechanicus или скратено Тау.Тау е исто така 19-та буква од грчката азбука, како и нестабилна субатомска честичка.Во оваа книга не е дадена возраста на бебето, па не се знае кога е родено малото Тау.
Грајмс и Маск го направија своето прво јавно појавување на Мет Гала во 2018 година, а во 2021 година објавија дека се „полу-разделени“.Маск е татко на 11 деца, но го загуби своето првородено поради синдром на ненадејна смрт на доенчиња (SIDS) кога бебето имаше само 10 недели.