„Имаат толку пари, а се такви стипси“: Џеф Безос и неговата свршеница Лорен Санчез шокираа со однесувањето во еден ресторан

popara13 декември, 20231min00

Џеф Безос и неговата свршеница Лорен Санчез деновиве се видени на вечера во ресторан во Мајами.

 

 

 

 

Тие застанаа кај филијалата на познатиот ресторан Гринич Вилиџ на Флорида за време на меѓународниот саем за современа уметност Art Basel Miami Beach.

 

Page Six пишува дека парот не барал посебно место во ресторанот, туку седеле во главната трпезарија и нарачале вино, што се продава на чаша.

 

“Седеа среде ресторанот каде што сите можеа да ги видат. Со сите пари што ги имаа нарачаа вино на чаша”, рекол еден од гостите кој во тој момент бил во ресторанот. „Џеф изгледаше сосема просечно“, додаде тој.

 

Сепак, парот го напуштил ресторанот преку задниот излез за да ги избегне папараците.

 

Инаку, Џеф Безос е третиот најбогат човек во светот. Неговото богатство се проценува на 169 милијарди долари.

 

Тој се сврши со Лорен во мај оваа година. „Секој ден ме инспирира и ме прави подобра личност. Тој е најубавиот човек што го познавам“, изјави еднаш Лорен за Џеф во интервју за магазинот WSJ.

 

Двојката ја објави својата врска во јануари 2019 година, откако Безос објави дека се разведува од Мекензи Скот, со која има четири деца, по 25 години брак. Во тоа време, Лорен се разведуваше и од нејзиниот сопруг Патрик Вајтсел по 13 години брак. Со него има две деца, а има и син од врската со поранешната НФЛ ѕвезда Тони Гонзалес.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag