Имал 7 години кога таа станала Мис на светот! Денес живеат заедно, а нивната приказна е вистинска бајка

popara12 јули, 20231min00
Screenshot_3

Од начинот на којшто се запознале, до препреките кои морале да ги совладаат и убавиот живот којшто го градат, Пријанка и Ник имаат приказна која ги топи срцата и буди надеж дека вистинската љубов навистина постои.

 

 

 

 

Кога Пријанка (40) во 2000 година ја добила титулата Мис на светот, нејзиниот иден сопруг Ник Џонас (39) имал само седум години.

 

Неговата мајка Денисe тврди дека има многу добро сеќавање на својот син и тој ден, а тоа само докажува колку приказната на овој љубовен пар делува бајковито.

 

Ник и неговите родители сведочеле на големиот момент

Во неодамнешната епизода на шоуто на Џенифер Хадсон, Пријанка се присетила како нејзиниот сопруг Ник ја гледал на телевизија пред повеќе од две децении, а потоа патиштата им се вкрстиле.

 

„Тоа е луда приказна“, признала таа додека ја прераскажувала приказната на нејзината свекрва Денисе Милен Џонас.

 

Имено, свекрвата открила дека нејзиното семејство гледало како Чопра победува на изборот за Мис на светот во 2000 година, што означило почеток и на нејзината актерска кариера кога преминала од Боливуд во Холивуд.

 

Пријанка сѐ уште била тинејџерка

„Кога штотуку наполнив 18 години, победив на изборот за Мис на светот“, изјавила актерката.

 

Чопра истакнала дека била дете кога ја добила таа престижна титула:

 

„Немав поим што правам и што овој свет подразбира, немав ниту малку пракса“, додала таа.

 

Ник бил мало момче

За време на изборот Чопра не била ниту свесна дека нејзиниот иден сопруг можеби го гледа нејзиниот говор на телевизија во својата семејна куќа во Тексас.

 

„Се сеќавам на тоа толку јасно затоа што беше декември, Ник беше во некоја бродвејска претстава на седум години. Таткото на Ник сакаше да гледа натпревар, но Ник дојде, седна и гледаше додека Пријанка ја крунисуваат за Мис на светот 2000“, раскажала свекрвата на Пријанка.

 

Љубов запишана во ѕвездите

На прашањето дали верува дека нејзината врска со Ник е судбина, Чопра одговорила: „Можеби“.

 

„Верувам дека на луѓето им е судено да бидат едни со други колку и таа врска да трае во животот“, напоменала таа.

 

Таа рекла и дека верува дека луѓето се „наоѓаат“ затоа што им требаат заеднички спомени.

 

Од начинот на којшто се запознале, до препреките кои морале да ги совладаат и убавиот живот којшто го градат, Пријанка и Ник имаат приказна која ја враќа надежта дека вистинската љубов навистина постои, пренесува „Bright Side“.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma