Имате болки за време на менструацијата? Овие чаеви се природно решение

popara5 април, 20231min00
620375_shutterstock-1357975778_f

Пробајте

Болката во долниот дел на грбот е доста непријатна, но е честа појава кај жените пред и за време на менструалниот циклус. За некои го најавува почетокот на „болната“ менструација, додека за други трае во текот на целиот циклус. Покрај лековите кои можат да помогнат и да ја ублажат болката, народната медицина користи и голем број чаеви, направени од мешавина на растенија, кои го решаваат овој женски проблем.

Чај направен од кичица, лист од орев и ајдучка трева

Земете по 2 супени лажици ситно сечкани листови и цветови од кичица (Erythraea centarium), листови од орев (Juglans regia) и листови и цветови од ајдучка трева (Achillea millefolium). Измешајте ги сите билки и ставете ги во литар зовриена вода. Оставете го чајот покриен два часа, тргнат од шпоретот. Процедете и засладете со мед. Пијте во текот на денот.

Чај направен од листови од пелин, жалфија и медуника

По 2 супени лажици ситно сечкан лист од пелин (Artemisia absinthum), лист жалфија (Salvia officinalis) и лист од медуника (Filipendula ulmaria). Се заедно се става во литар зовриена вода, се покрива и се остава да отстои два часа на собна температура. Процедете и засладете со мед и пијте во текот на денот.

Чај направен од подабиче, овчарска торбичка и ранениче

Измерете по 2 лажици од ситно исечканите лисја и цветови од подабиче (Teucrium chamaedrys), надземниот дел од овчарска торбичка (Capella bursa pastoris) и листовите од ранениче (Betonica officinalis). Соединете ги растенијата и ставете ги во литар топла зовриена вода. Покријте и оставете два часа на собна температура, а потоа процедете и пијте во текот на денот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma