Акните поминуваат релативно брзо, но за жал, ако ги третирате неправилно може да остават лузни за цел живот. Понекогаш, ни најсовршената шминка не може да ги покрие, па не ви останува ништо освен да ги прифатите.
Сепак, благодарение на неколку природни состојки можете да направите маска која ќе ја ублажи видливоста, или ако не се толку длабоки, ќе ги отстрани целосно. Постојат два типа на лузни од акни – едните се во вид на кафени флеки на местото каде биле акните, а другите се подлабоко оштетување на кожата и остануваат во вид на посветли точки. И за двата типа постои соодветно решение кое вреди да го пробате:
За кафените лузни како флеки:
Потребно е да направите смеса од рендана краставица, сок од домат и свеж лук. На лузните нанесете ја маската и оставете ја да делува половина час. Потоа исплакнете.
За подлабоките лузни:
Измешајте 4 лажици сок од лимон, 3 лажици јогурт, 4 лажици мед и една белка, па мешајте додека не добиете еднолична смеса. Со помош на четка намачкајте ги лузните и оставете да делува 15тина минути. Измијте со топла вода и нанесете крема.
Пред да тргнете во потрага по скапи препарати, обидете се со овие природни начини.