ИМАТЕ ПРОБЛЕМИ СО ЖЕЛЕЗОТО? Овие 5 пијалоци се СПАС за вашето здравје

popara13 јануари, 20231min00
589506_avokado-cija-smuti_f

Многу луѓе патат од ниско ниво на железо во организмот, а со овој проблем ќе ви помогнат зелениот сок, сок од цвекло и разни смутија.

Недостатокот на железо е познат како анемија и може да доведе до симптоми како што се ниско ниво на енергија, замор, слаба концентрација, вртоглавица и бледа кожа.

Еден од начините да му обезбедите на вашето тело доволно количество железо е да јадете и консумирате храна богата со овој минерал. Некои од нив се цвекло, спанаќ, урми, а од овие состојки во вашата кујна можете да направите едноставни и вкусни напитоци, кои ќе го подигнат нивото на железо во вашето тело.

  1. Зелен сок

Освен што помага при слабеење и за сјај на кожата, зелениот сок има уште поголеми придобивки за здравјето на целиот организам. Лимонот, магдоносот, крушата, спанаќот и целерот се вообичаени состојки на зелениот сок кои можат да ви помогнат во борбата против недостатокот на железо. Во овој сок можете да додадете и овошје богато со витамин Ц, за подобра апсорпција на железото во организмот.

  1. Сок од суви сливи

Сокот од сливи е полн со есенцијални хранливи материи, вклучително и железо. Често се препорачува за спречување и контрола на недостаток на железо. Освен железо, сокот од сливи е и одличен извор на калиум, кој може да помогне во намалувањето на крвниот притисок.

  1. Смути од спанаќ и ананас

Спанаќот е одличен извор на железо кое може да се комбинира со ананас. Додавањето ананас ќе ја подобри содржината на витамин Ц во смутито, како и вкусот. Доколку е потребно, можете да додадете и лимон или портокал.

  1. Смути од калинка и урми

Калинката е одличен извор на железо, како и на витамин Ц, а исто е и со урмите, па затоа ова е една од добитните комбинации за зголемување на нивото на железо.

  1. Сок од цвекло

Цвеклото е познато како природен лек за анемија, бидејќи е одличен извор на железо.

Покрај тоа, тој е богат со влакна, минерали, витамини и антиоксиданси. Еден од најдобрите начини за консумирање цвекло против анемија е во форма на сок. Во сокот од цвекло можете да додадете и малку природен сок од јаболко и мед.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma