Многумина имаат проблеми со студени стапала. Овој несакан ефект можете да го решите со подебели чорапи, масажи и одредени намирници.
Дали ви се ладни стапалата? Прстите ви се грчат затоа што и онака ви е лоша циркулацијата. Проблемот е што нема доволно мускули кои можат да ви ги загреат нозете, па може брзо да замрзнат.
Храна која ја забрзува циркулацијата
За малку да ги олесните „зимските нозе“, внесувајте храна која ја забрзува циркулацијата, како рибино масло или ѓумбир.
Намалете ја количината на кофеин и зголемете ја дозата на цитрус.
Магнезиумот е секогаш добро решение, па можете да го внесете преку свежа храна, како банани и блитва или преку додатоци во исхраната.
Масажа на стапала
Покрај тоа, секоја вечер пред спиење масирајте ги стапалата со масло од рузмарин, а секоја втора вечер мијте ги во леген.
Истурете топла вода во едната и ладна вода во другата, па наизменично ставете ги стапалата во првата, па во втората. Важно е да бидете сигурни дека постапката секогаш ја започнувате и завршувате со топла вода.
Секој дел од тој едноставен домашен третман треба да трае околу триесет секунди.