ИМАТЕ ПРОБЛЕМ СО МИГРЕНАТА? Оваа храна ќе ви ја ублажи болката

popara12 јануари, 20231min00
Screenshot_12

Нападите на мигрена најефективно се третираат со лекови препишани од невролог. Меѓутоа, за да ги разредите, една од клучните работи на кои можете да влијаете е исхраната, а многумина кои страдаат од оваа, една од најтешките типови од досега познатите 200 главоболки, навистина не се грижат за тоа.

 

 

 

Сепак, исхраната може да предизвика напад на мигрена, но и да го спречи, или барем да го ублажи.

 

Храната која содржи натриум нитрити и нитрати може да предизвика мигрена, па затоа месните производи треба да се исклучат од менито. Не се препорачуваат прехранбени производи со додаток Е102 (го има во жолта боја за храна), како и индустриски слатки, но и кисели краставички, без разлика дали се домашни или купени.

 

Во принцип, сите индустриски производи треба да се исфрлат од менито против мигрена. Бидејќи, не само што имаат многу штетни адитиви, туку се и извор на рафинирана сол, која може да биде поттик за мигрена. Според тоа, употребата на кујнска сол треба да се сведе на минимум.

 

Луѓето кои страдаат од мигрена не им одговараат ферментирани производи од соја, кисела зелка, стари сирења, овошје и зеленчук кои долго стојат. Доколку имате чести мигрени, не јадете месо кое долго чекало да се подготви.

 

Значи, масата која ги спречува нападите на мигрена е онаа со многу свежа храна. Покрај тоа, клучните намирници се богати со магнезиум, па затоа се препорачува секојдневното мени да го збогатите со зелен лиснат зеленчук, семки од сончоглед, тиквички, интегрални житарки, банани и авокадо, риба …

 

Ова е пример за мени што може да помогне при мигрена.

 

Понеделник

 

  • Појадок: кајгана од две јајца со свеж спанаќ, интегрален леб
  • Ужина: банана
  • Ручек: пржени тиквички во рерна и скуша на скара, зелена салата
  • Вечера: салата од зелен лиснат зеленчук со риба по ваш избор

 

Вторник

 

  • Појадок: интегрален леб со намаз од сирење и шолја зелен чај
  • Ужина: половина авокадо
  • Ручек: Гулаш од пилешко месо, рижото со зеленчук
  • Вечера: пастрмка на скара со салата од репка

 

Среда

 

  • Појадок: Две варени јајца, 60 гр леб и две кришки интегрален леб со домашен хумус
  • Ужина: грст бадеми
  • Ручек: динстани моркови и бело пилешко на скара
  • Вечера: Морски бас (риба) на скара со варен зеленчук

 

Четврток

 

  • Појадок: кисело млеко и проја
  • Ужина: грст семки од сончоглед
  • Ручек: риба супа и пржено младо сирење печено во рерна
  • Вечера: две кришки интегрален леб и домашна рибна паштета

 

Петок

 

  • Појадок: палента со кефир
  • Ужина: грст лешници
  • Ручек: тестенини со мелено говедско месо и зелена салата
  • Вечера: пастрмка на скара и салата од компири
escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma