Манекенката Дева Касел,ќерката на Моника Белучи и Винсент Касел,од неодамна е во нова врска,а сега ги потврди гласините дека нејзиното срце го освоил познат актер.
Дева Касел има само 19 години,но веќе е една од најзабележителните манекенки во светот и има воспоставено соработка со најголемите светски брендови.
Популарната убавица прошета по модните писти на ревиите на водечките модни куќи и ги красеше насловните страници на престижните списанија,а нејзината убавина воодушевува во секоја прилика,па многумина велат дека го наследила шармот на нејзината позната мајка Моника Белучи,италијанската филмска дива.Неодамна нејзиното срце беше освоено,а Дева сега објави фотографии на Инстаграм со ново момче,потврдувајќи дека тоа е Саул Нани,млад италијански актер роден во Болоња во 1999 година.
Таа неодамна сподели заеднички фотографии од нивниот одмор и напиша само:
– Вистината е.
View this post on Instagram
Сепак,нејзините следбеници не се ентузијасти – напротив,тие веруваат дека Дева треба да бакнува попривлечен маж.
„Кој е тој? Некој познат? Таа изгледа добро,но тој е како обично дете“,„Од Моника наследи и убавина и страшен вкус кај мажите“, „Повеќе ми се допадна твоето поранешно момче“,„Имаш полош вкус од твојата мајка“,се дел од коментарите.
Да потсетиме, од 1999 до 2013 година, мајката на Дева, Моника Белучи, беше мажена за нејзиниот татко Винсент Касел, со кој ја доби и ќерката Леони. Таа речиси една година е во врска со американскиот режисер Тим Бартон, со кој неодамна за прв пат се појави во јавноста.