Има бројни придобивки од пиење на СОК ОД БАНАНИ: Еве како се спрема

popara6 февруари, 20231min00
ca7d8e57aed8fd53dfb22a61e50d3b880618334e

Бананите се богати со витамини Б3, Б5, Б6 и Ц. Ова овошје е одличен извор на калиум, минерал кој е неопходен за многу функции на телото. Една од главните причини зошто ни е потребен калиум е да го регулираме балансот на течности во нашите тела. Се смета дека калиумот го намалува крвниот притисок, ги зајакнува коските и промовира правилна мускулна функција.

Бананите содржат растворливи влакна кои ги врзуваат калориите и мастите во желудникот и цревата и ги извлекуваат од телото пред да влезат во крвотокот. Во овој случај, зрелите банани се подобри бидејќи содржат повеќе скроб.

Сокот од ова овошје е добар за пушачите, но и за оние кои сакаат да го зајакнат имунитетот и да го подобрат варењето.

Во блендерот додадете две сечкани банани, 120 мл млеко и две лажици мед. Блендирајте додека не добиете густ сок. Можете да додадете и екстракт од ванила. Оваа комбинација можете да ја пиете пред тренинг.