Во последниве години, хит козметички производ кој уживаше огромна популарност речиси преку ноќ е несомнено серумот за лице. Покрај многубројните пилинзи, креми, масла и слични препарати, сигурно се прашувате дали и тоа навистина ви треба. Одговорот е – о, да, и тоа како!
Серумот за лице е концентриран сет на активни состојки кои ѝ помагаат на кожата да ја задржи влажноста. Иако овој производ често е на база на масло, тој не го оптоварува лицето и им овозможува на состојките да навлезат во површината на кожата и да делуваат ефикасно, притоа заштитувајќи ја од секојдневните влијанија.
Вообичаена заблуда е дека на оние кои користат хидратантна крема не им е потребен серум за лице и иако имаат некои слични својства, идеално е двата од овие производи да се користат рутински. Серумите имаат многу повеќе активни состојки од најдобриот крем и имаат полесна текстура бидејќи молекулите на активните материи се помали од оние во кремот за да бидат попродорни, што значи дека се поефикасни од дневните и ноќните креми.
Серумите се користат уште од дваесеттите години, бидејќи кожата на лицето ја губи влажноста и еластичноста со возраста. Најважно е да го нанесете на добро исчистена кожа, како и да не го прескокнувате вратот, а понекогаш дури и деколтето, како и да го изберете во согласност со специфичните потреби на вашето лице, односно дали ви треба длабока хидратација , антиоксидација, регенерација, третман на брчките итн.
Придобивките од серумот за лице
Резултатите се видливи брзо
Производите за нега на кожата, дури и оние кои се секако ефикасни (како што е ретинолот), делуваат многу бавно и може да поминат месеци пред да се видат првите резултати. Кога користите серум за лице, многу брзо ќе забележите дека вашето лице е помеко и помазно бидејќи овој производ се апсорбира многу побрзо од другите и е високо концентриран.
Лесен е и не ги затнува порите
Кога ќе слушнете дека нешто е на база на масло, веднаш ги вклучувате црвените светла и избегнувате да се приближите до таа подготовка? Во случај на серум за лице, не мора да го правите тоа: тој сигурно нема да ја измрси вашата кожа и да ви ги затне порите бидејќи има текстура повеќе како „свилена“ вода отколку типично масло за лице. Многу е лесен и нема да има оптоварување и терет на вашата кожа.
Дополнително, мрсната кожа не значи избегнување на производи кои во основа имаат маснотии, туку сосема спротивно – ако на кожата не ѝ дадете доволно маснотии, таа ќе произведе уште повеќе од себе и ќе биде помрсна!
Хидратација
Дневните и ноќните креми даваат краткотраен хидратантен ефект, додека серумот за лице обезбедува влажност во текот на денот, и овозможува на кожата да дише.
Заштитува од надворешни влијанија
Сфатете го серумот како многу, многу, многу нежен штит, кој ја штити кожата од ефектите на загадувањето на воздухот, чадот од тутунот и оштетувањето на сонцето. Обично содржи многу антиоксиданси како витамин Ц и витамин Е и има моќно дејство против овие ефекти.
Обезбедува колаген
Овие производи ќе помогнат како еден вид колагенска „инјекција“ и ќе ѝ дадат на кожата целосен и посвеж изглед. Брчките и фините линии се нормален дел од стареењето на кожата, а она што им ја дава таа линија што не прави да изгледаме уште постари е сувиот и уморен изглед, додека серумот за лице дава освежување и сјај.