И во дваесеттите и триесеттите години
Поткожните мозолчиња на брадата, митесерите на носот и микрокомедоните на лицето не стивнуваат со денови, дури и ако ги третираме на вообичаен начин. Всушност, постојат различни надворешни и внатрешни фактори за кои не сме свесни дека имаат влијание врз нашата кожа.
Во продолжение дознајте ги 4-те клучни причини зошто мозолчињата постојано ви се враќаат.
Стрес
Нема сомнеж дека во последно време го чувствуваме стресот поинтензивно од кога било досега. Од приватен живот до работа, нашето тело реагира на сите предизвикувачи, што се рефлектира на состојбата на кожата. Експертите објаснуваат дека кога доживуваме стрес, нашето тело го ослободува борбениот хормон – кортизол. Кога го има во изобилство, го намалува производството на естроген, што пак го зголемува нивото на андрогени. Понатаму, испраќа порака до лојните жлезди прекумерно да продуцираат себум, а со тоа, порите се затвораат и се јавува воспаление.
Диети и алкохол
Уште една голема причина зошто сите сме склони кон акни? Ако неодамна сте ја промениле исхраната или сте биле на диета, програмата можеби не е соодветна за вас. Од друга страна, храната често ни служи како утеха, а онаа по која најчесто посегнуваме во вакви моменти е лоша и за нашите црева и за нашата кожа. Исто така, зголеменото консумирање алкохол може да доведе до дехидратација на кожата, што со себе носи цел синџир на проблеми, вклучително и мозолчиња. Алкохолот ги отстранува витамините и хранливите материи од кожата, со што тенот изгледа нечисто и предизвикува надуеност.
Витамин Д
Дали ви се случило дури и со денови да не излегувате од дома и да не дојдете во контакт со загаден воздух, сепак да забележите непожелни промени на вашата кожа? Тоа е затоа што изложувањето на УВ зрачење му помага на нашето тело да синтетизира витамин Д, кој е неопходен за здравјето на клетките. Не само тоа, витаминот Д е исто така клучен во производството на серотонин. Осиромашувањето на серотонин може да доведе до чувство на депресија и анксиозност кои го зголемуваат кортизолот – и еве една сосема нова причина вашето лице да се распламти.
Спиење
Проблематичните шеми на спиење се исто така на листата на фактори кои предизвикуваат мозолчиња. Со зголемен стрес и анксиозност, денес спиеме помалку од вообичаено, а помалку отколку што му треба на нашето тело, додека новото истражување покажува дека тоа влијае и на нашата кожа. Имено, телото се регенерира додека спиеме, па доколку ни е скратен сонот тоа се рефлектира и на кожата. Раните и лузните побавно зараснуваат, функцијата на кожната бариера слабее и нејзината способност за самообновување се намалува.