Хидратантна крема, масажи на лице, природни препарати се само дел од работите кои прават Викторија Бекам да изгледа одлично.
Нема сомнеж дека таа е една од најстилизираните и најнегуваните дами, а што е потребно за да изгледате така прочитајте во следните редови:
- Се колне во масажи на лицето
Викторија не ги крие нејзините посети на дерматолог кои и помагаат да ја контролира кожата склона кон акни. Затоа, не чуди што многу често прибегнува кон масажи на лицето, особено пред патување, за да спречи отоци.
- Користи 100 проценти природни препарати
Не е само нејзината кожа на лицето она што изгледа неверојатно. Викторија користи целосно природни масла за тело. Со помош на маслата нејзината кожа изгледа мазна, мека и сјајна, а таа не советува да ги користиме после туширање додека кожата е сеуште влажна.
- Опсесивно ја хидрира кожата
Она што можеме да го забележиме е дека е потребно многу време за хидратација на кожата, за да се заштити бариерата од надворешни влијанија. И секогаш – и во авион, во модно студио и во град – серумот и е секогаш на дофат.
- Таа е голем обожавател на маски за подочници
Викторија знае дека предуслов за добра подготовка на кожата пред нашминкање е – маската за подочници. Го намалува отокот, ги смирува уморните очи, ги хидрира и им дава свежина. Воведете ги во вашата рутина за убавина, секое утро со вашето прво кафе!
- Го користи истиот хидратантен крем и наутро и навечер
Наместо да се потпира на различни хидратантни креми за ден и ноќ или во зависност од сезоната, Викторија го слуша советот на својата докторка Мелани Грант и користи само еден, за целодневна хидратација.