Има 77 години и беспрекорен стил: Присила Присли на премиерата на филмот „Присила“ во издание кое ја натера Венеција да и аплаудира

popara5 септември, 20237min00
Присила Присли

За прв пат откако почина нејзината ќерка, Присила Присли се појави на црвениот тепих.Последната недела од парадите на црвениот тепих на Мостра во понеделникот беше проследена со премиера на филмот, кој е своевидна почит на починатиот крал на рокенролот, Елвис Присли.

Сепак, филмот не е посветен само на Елвис, туку е именуван по неговата сопруга: „Присила“, а се занимава со нивните повеќе од турбулентни животи.Исто како и Елвис, и Присила Присли беше славна и позната,а беше на ВИП листата на гости кои беа меѓу првите што го гледаа филмот.Таа беше среќна што пристигна во Венеција за да го гледа филмот што го доби нејзиното име и што таа,можеби и беше инспирација за да се создаде филмот.

Присила Присли,во стилот на голема холивудска дива,беше меѓу првите кои пристигнаа во Мостра,како и ѕвездите на филмот, Кејли Спејни и Џејкоб Елорди,кои ги играат Присила и Елвис,брачна двојка од втората половина на дваесети век.

78-годишната Присила Присли за прв пат се појави на црвениот тепих откако нејзината ќерка Лиза Мари почина во јануари оваа година.

На Венеција и го одзеде здивот,а таа носеше црн сатенски комплет Chanel,кој се состоеше од блуза со јака со циркони и карнери, како и проѕирни ракави и црни панталони.На нозете носеше класични црни чевли, како и црна чанта.

 

Црната боја веројатно има симболика, со оглед на тоа дека е мајка која пред само неколку месеци изгубила дете.Од друга страна, црната боја е пример за класика и стил, а Присила, која наскоро ќе влезе во деветтата деценија од животот, секако сака да биде пример за тоа.

Инаку, филмот го режираше Софија Копола,ќерката на Френсис Форд Копола,а покрај неа големо внимание привлече и Кејли Спени која ја глумеше Присила.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma