Познатата Алексис од култната серија „Династија“ изгледа неверојатно на прагот на десеттата деценија!
Познатата актерка Џоан Колинс (90), најпозната како негативецот Алексис од серијата „Династија“, која беше многу популарна на овие простори, имаше многу бурен живот полн со пикантерии. За сето тоа таа се отвори во документарниот филм „Ова е Џоан Колинс“.
Таа беше мажена дури пет пати, а во документарецот откри бројни мрачни тајни од нејзиниот живот, меѓу кои и фактот дека нејзиниот прв сопруг Максвел Ред ја дрогирал и силувал.
„Тој имаше 31 година, а јас бев седумнаесетгодишна девица,ме дрогираше додека бевме кај него дома,се разбудив во неговата дневна соба додека имаше секс со мене.Во тие денови мајка ми рече дека сум „искористена“.Сега тоа е она што го нарекуваме силување на состанок“,рече Колинс,признавајќи дека потоа се омажила за него само од срам.
View this post on Instagram
Сега е среќно мажена за Перси Гибсон (58), триесет и две години помлад од неа.А сега крена вистинска бура соблекувајќи се во бикини во Сен Тропе,каде што ужива со својот сопруг. Парот се фотографирал во базен,па така успеале да побегнат од високите температури. Познатата Алексис се уште изгледа неверојатно на прагот на десеттата деценија. Иако постоеле индиции дека за тоа е одговорна пластичната хирургија,таа го тврди спротивното.
Џоан Колинс не само што изгледа одлично во бикини,туку има одлична идеја за летен стајлинг,иако никогаш не ѝ недостигала инспирација и секогаш изгледа прекрасно.Многумина на Инстаграм го фалат и изгледот на нејзиниот сопруг, додавајќи дека тие се прекрасен пар.
Што се крие зад изгледот на Џоан Колинс
Познатата актерка тврди дека нејзината убавина се должи на тоа што секогаш носи крема со заштитен фактор, што ги истакнува убавите делови со гардеробата,често јаде лосос, авокадо, свеж зеленчук и јаткасти плодови, како и тоа што ги наследила витките нозе од нејзината мајка балерина.
Џоан Колинс изгледа одлично,но сепак не може да одолее ниту на филтри, ниту на фотошоп.