Најпознатата американска плус сајз манекенка Ешли Греам (36) завчера беше гостинка на модната куќа „Балман“ на модната недела во Париз и предизвика поголемо медиумско внимание од претставената колекција.
Манекенката која светската слава ја стекна носејќи модели за пополни жени, како и со својот „body positive“ став дека жените треба да ги прифатат своите тела онакви какви што се, сега предизвика спротивставени коментари.
Во темно виолетова бунда, црн фустан и шик чизми, Ешли гордо ја покажа својата фигура од 177 сантиметри и 92 килограми.
– Убавата Ешли пука од самодоверба и ги уништува сите предрасуди дека жената мора да биде слаба за да биде убава и привлечна – пишува „Дејли мејл“ и потсетува дека оваа мајка на три деца „се грижи за своето здравје и исхрана и редовно тренира“.
Но, има и такви кои не се согласуваат со нивната проценка, повикувајќи се на мотивот на бајката „Новиот костум на царот“, во кој никој не се осмелува да ја каже вистината. „Убаво лице на дебела жена.
„Подобро да ослабне неколку килограми додека е здрава, за да не ‘пука од вишок’“. „Самодовербата овде нема оправдување“, „На Американците им се допаѓаат овие модели бидејќи мнозинството од населението е плус сајз“, се дел од коментарите.