Импулсивните луѓе често носат одлуки без размислувања околу предностите и недостатоците. Не размислуваат премногу за своите потези и веруваат дека одлуките се најдобри кога ќе се донесат во моментот. Наклонети се повеќе да го следат срцето од умот, а често со нив управуваат чувствата.
Постојат четири хороскопски знаци кои се импулсивни.
ОВЕН – Луѓето родени во овој знак сакаат возбудувања при носењето на одлуки во последен момент. Тие се нетрпеливи и импулсивни, но често жалат поради своите брзи одлуки. Кажуваат што им е на ум, не размислуваат премногу и сакаат живот на „раб“.
БЛИЗНАЦИ – Близнаците сакаат работите да бидат свежи и спонани. Не сакаат премногу да планираат ниту да комплицираат со размислувањето. Непромислени се и импулсивни. Исто така им е тешко да ја следат монотонијата и затоа често прават спонатни работи.
СТРЕЛЕЦ – Само што ќе помислите дека сте „врзале“ Стрелец, изненадувачки ќе побегне. Стрелците не сакаат да прават исти работи секогаш одпочеток, и секогаш бараат возбуда. Многу се нетрпеливи и може да донесат непромислени одлуки, но на крајот ќе зажалат за тоа.
ВОДОЛИЈА – Водолиите не веруваат во предвилив пат, и секогаш носат необични и спонтани одлуки во обид да бидат поинакви. Живеат живот по свои услови и често може да носат избрзани одлуки.