Имунолог открива која храна најмногу го штити нашиот организам во текот на зимата: Јадете сезонски

popara8 декември, 20231min00
pexels-marko-klaric-6408290-830x0

Доколку се обидувате да избегнете настинка во текот на претстојната зима, тогаш следните стручни совети се вистинскиот избор за вас.

Имунологот Џена Мачочи изјави дека најдоброто нешто за имунитетот е „сезонско да се јаде“, бидејќи на растенијата негативно влијаат пократките денови и недостатокот на светлина исто како нас, па изборот треба да падне на оние намирници кои се побогати со хранливи материи.

– Нашата благосостојба е испреплетена со промените на годишните времиња. Како што се прилагодуваме на суптилните промени во температурата и дневната светлина, така се прилагодуваат и растенијата што ги јадеме. Затоа се трудам свесно да ја прилагодам исхраната на годишните времиња. Како што се намалува сончевата светлина, растенијата престануваат да прават храна и почнуваат да штедат енергија за да преживеат до пролет – рече таа.

Докторката вели дека затоа таа се фокусира на јадење храна како тиква која е богата со бета-каротин (растителен витамин А, познат како антиинфективен витамин).

Имунологот, исто така, препорачува да бидете сигурни дека јадете храна богата со витамин Ц – се разбира, оние кои се во сезоната. Тие вклучуваат капина и јапонска мандарина – сето тоа ќе му помогне на вашиот имунолошки систем. Таа, исто така, советува да додадете некоја ферментирана храна во вашата исхрана – како зелка – и да внимавате редовно да вклучувате печурки во вашите оброци бидејќи тие се „преполни со бета-глукани кои ја поддржуваат функцијата на имунолошкиот систем“.

Заменете го кафето со билни чаеви за да бидете сигурни дека добивате доволно хидратација – нешто што многумина од нас го забораваат во текот на зимските месеци бидејќи не се чувствуваме толку жедни како во потоплите денови, пишува Dailymail.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma